Достапни линкови

Владата го усвои Предлог Буџетот за 2017 година


Владата го донесе Предлог Буџетот за 2017 година кој е развоен со рекордно ниво на капитални инвестиции, повисоки за дури 20 отсто во споредба со оваа година. Ова го изјави министерот за финасии Кирил Миноски кој најави дека предлогот во текот на денешниот ден ќе му биде предаден на Собранието на Македонија. Вкупните приходи, како што изјави, се планираат на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година, вкупните расходи на ниво од 206,22 милијарди денари, или за 4,5 отсто повеќе во однос на годинава, а капиталните инвестиции да имаат рекорден износ од 26,95 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е предвидено да изнесува 3 отсто од БДП, односно 18,6 милијарди денари во апсолутен износ.

XS
SM
MD
LG