Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно и посвежо


Во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со локален слаб дожд кој особено ќе биде застапен во западните делови на земјава. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец кој наместа ќе надминува над 50 км/ч. Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 18 до 26 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно свежо со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

XS
SM
MD
LG