Достапни линкови

Уапсен осомничениот за експлозијата во Њујорк


Осомничениот 28-годишен Ахмад Хан Рахами

Осомничениот 28-годишен Ахмад Хан Рахами

Осомничениот 28-годишен Ахмад Хан Рахами, по кого трагаше њујоршката полиција во врска со експлозијата на 17 септември, наводно е уапсен. Натурализираниот Американец со авганистанско потекло бил уапсен во Линден, Њу Џерси, објавија американските медиуми. Во експлозијата на бомба од домашна изработка во областа Челзи на Менхетен беа повредени 29 луѓе. Федералните инспектори соопштија дека тестовите откриле дека бомбата содржи остатоци од Танерит, експлозив кој често се користи за вежбање и кој може да се купи во продавници за спортска опрема.

XS
SM
MD
LG