Достапни линкови

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот


Собранието попладнево едногласно, со 82 гласа „за“, го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година со кој се обезбедуваат дополнителни 35 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените на 6 август годинава. Приходите во Буџетот се непроменети и се предвидува да се соберат 2,834 милијарди евра, додека расходите се зголемуваат од 3,178 милијарди евра на 3,209 милијарди евра. Се зголемува и буџетскиот дефицит од 3,6 на 4 проценти и ќе изнесува 376 милиони евра, наместо 344 милиони евра.

XS
SM
MD
LG