Достапни линкови

Турција нема територијални претензии кон ниту една држава


Турција нема територијални претензии кон ниту една држава, изјави денеска начачникот на Генералштабот на турската армија, генерал Хулуси Акар. Тој додаде дека прекуграничната операција на Турција во северна Сирија се заснова на правото на Турција за самоодбрана.

„Прекуграничната операција, преземена по обидот за воен удар на 15 јули, е многу важна за безбедноста и мирот на нашите граници, за народот на нашите соседи и за нашата земја. Турските вооружени сили и Република Турција немаат амбиции кон територијата на други држави“, истакна Акар во својот говор по повод Денот на ветераните.

Тој додаде и дека Генералштанот на турската армија има интерес за прочистување на своите редови од „предавниците“ по обидот за пуч.

Акар наведе и дека ќе продолжи борбата против терористичките организации во „хармонија и координација“ меѓу жандармеријата, полицијата и таканаречените селски чувари.

XS
SM
MD
LG