Достапни линкови

Формирана работна група за границите на изборните единици


На денешниот координативен состанок на претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи е формирана работна група за измени и дополнувања на Изборниот законик во делот на промена на границите на избирачките единици. Со работната група ќе раководи пратеникот од ДУИ Рафиз Алити, а нејзини членови ќе бидат потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи. Алити, по средбата денеска изјави дека, рокот што тие си го дале за прва верзија на измените е наредниот понеделник. Иницијативата за промена на границите на изборните единици е на ДУИ, зашто шестата изборна единица има повеќе од законски дозволениот број гласачи од другите изборни единици.

XS
SM
MD
LG