Достапни линкови

Руски уметници уапсени во Прага


Еден од основачите на колективот Војна, Олег Воротников

Еден од основачите на колективот Војна, Олег Воротников

Членови на руски дисидентски уметнички колектив беа уапсени во Прага. Еден од основачите на колективот Војна, Олег Воротников, неговата сопруга и колешка Наталија Сокол, како и нивната ќерка беа уапсени вчера. Сокол, која денеска беше ослободена заедно со ќерка и, за Радио Слободна Европа изјави дека нејзиниот сопруг останува во притвор и оти се соочува со екстрадиција во Русија. Засега нема коментар од чешките власти.

Двојката избега од Русија во Европа во 2011 година, откако руските власти отворија истрага против нив, дефинирајќи една од нивните последни јавни акции како хулиганизам. Русија има потерница по двајцата.

Колективот Војна стана многу познат во Русија и пошироко со нивните акробации како што е цртањето огромен фалус на подвижниот мост кој води кон седиштето на Федералната служба за безбедност во Санкт Петерсбург, како и по превртувањето полициски автомобили.

XS
SM
MD
LG