Достапни линкови

Русија - Сириските бунтовници не го почитуваат примирјето


Руското Министерство за одбрана соопшти дека е „бесмислено“ сириските владини сили да се придржуваат до прекинот на огнот додека се напаѓани од страна на бунтовниците.

„Имајќи предвид дека условите за прекинот на огнот не се почитуваат од страна на бунтовниците, сметаме дека е беспредметно сириските владини сили еднострано да го почитуваат“, изјави претставникот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Сергеј Рудској на денешниот брифинг со новинарите.

Министерството соопшти дека нивните набљудувачи на теренот регистрирале 53 прекршувања на прекинот на огнот во Сирија во изминатите 24 часа. Министерството тврди дека има информации за спојување на умерените опозициски организации со „терористички групи“ и подготовка на заеднички акции.

Договорот постигнат со посредство на САД и Русија стапи во сила на 12 септември. Сепак, постојаните прекршувања и неиспорачувањето помош за опколениот дел од градот Алепо кој е под контрола на бунтовниците предизвикува загриженост дека примирјето може да се одржи. Запирањето на борбите околу Алепо и испораката на очајно потребната хуманитарна помош за клучни компоненти на договорот за примирје.

XS
SM
MD
LG