Достапни линкови

Авганистански полицајци убиени во американски воздушен напад


Градот Тарин Кот

Градот Тарин Кот

Авганистански претставник соопшти дека најмалку осуммина полицајци биле убиени во американските воздушни напади во јужната провинција Урузган. Командирот на сообраќајната полицијата во Урузган, Рахимула Хан, изјави дека полицајците биле убиени вчера во два воздушни напади во главниот град на провинцијата, Тарин Кот. Американската воена команда во Кабул потврди дека американските сили извршиле воздушен напад во областа, велејќи дека се обиделе да им помофнат на авганистанските сили за национална безбедност кои биле нападнати од Талибанците. Бригадниот генерал Чарлс Кливленд рече дека нема „какви било дополнителни информации“ за тоа кои се жртвите. Авганистански официјални претставници рекоа дека го истражувале нападот и оти биле во контакт со коалицијата предводена од САД. Талибанците на кратко влегоа во Тарин Кот на почетокот на септември, но беа протерани од безбедносните сили.

XS
SM
MD
LG