Достапни линкови

logo-print

Нови тензии меѓу Пакистан и Индија за Кашмир


Илустрација

Илустрација

Пакистан возврати на обвинувањата од Индија дека стои зад крвавиот напад на милитантите во индискиот дел на Кашмир. Пакистанското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека премиерот Наваз Шариф упатил писмо до петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН во врска со „сериозните прекршувања на човековите права“ извршени од индиските безбедносни сили во хималајскиот регион. Претходно, Министерството ги осуди „зајадливите и неосновани изјави“ од Индија и ги нарече обвинувањата „бесрамен обид“ за одвлекување на вниманието од кршењето на човековите права во Кашмир.

Најмалку 17 индиски војници и четворица напаѓачи беа убиени во нападот што се случи вчера пред зори врз армиската база во градот Ури. Индискиот Министер за домашни работи, Раџнат Синг, веднаш по нападот го нарече Пакистан „терористичка држава“. Индиски воени претставници рекоа дека напаѓачите биле „странски терористи“ и оти првичната истрага покажува дека и припаѓаат на милитантната организација Џаиш-е-Мохамед со седиште во Пакистан.

Нападот доаѓа по најголемите антииндиски протести во последните години, откако индиските сили на 8 јули убија популарен бунтовнички командант. Повеќе од 80 луѓе беа убиени во судирите меѓу локалното население и безбедносните сили. Регионот со мнозинско муслиманско население е поделен меѓу Индија и Пакистан.

XS
SM
MD
LG