Достапни линкови

logo-print

Романија погодена од обилни дождови и бури


Илустрација

Илустрација

Обилните дождови и бури предизвикаа проблеми во различни реони на Романија. Во дел од земјата е прогласен жолт аларм поради дождовите, а во низа реони портокалов аларм поради опасни метоеролошки појави.

Бурите синоќа предизвикаа поплави во неколку места во источниот романски округ Констанца. Во градот Констанца неколку улици беа поплавени, а ветерот собори неколку дрвја. Само за еден час во Констанца наврнале 35 литри дожд на метар квадратен.

Поплави имало и во западниот град Арад, каде во централните делови, нивото на водата изнесувала над 50 сантиметри. Метеоролозите за денеска предвидуваат нови обилни дождови, грмотевици и силен ветер.

Портокалов аларм е прогласен во окрузите Баку, Васлуј, Вранча, Галац, Тулча, Браила и Бузу, како и во планинските реони на окрузите Прахова, Дамбовица, Арджеш. Валча и Горж. Се предвидува дека во планините би можело да наврнат од 60 до 80 литри дожд на метар квадратен.

XS
SM
MD
LG