Достапни линкови

Њујоршката полиција трага по Авганистанец во врска со експлозијата


Ахмад Хан Рахами

Ахмад Хан Рахами

Американски официјални претставници соопштија дека идентификувале осомничен кој се бара за испрашување во врска со експлозијата во Њујорк на 17 септември. Полицијата денеска објави фотографија на 28-годишен маж идентификуван како Ахмад Хан Рахами, натурализиран американски државјанин од Авганистан. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, изјави дека човекот можеби е вооружен и опасен.

Во експлозијата на бомба од домашна изработка во областа Челзи на Менхетен беа повредени 29 луѓе.

Федералните инспектори соопштија дека тестовите откриле дека бомбата содржи остатоци од Танерит, експлозив кој често се користи за вежбање и кој може да се купи во продавници за спортска опрема.

Властите сè уште истражуваат дали експлозијата има врска со неексплодираната импровизирана направа во лонец пронајдена неколку блока подалеку, бомбата во цевка пронајдена на брегот на Џерси, како и експлозивната направа пронајдена во торба на железничката станица во Њу Џерси.

XS
SM
MD
LG