Достапни линкови

ЕУ и додели 108 милиони евра на Бугарија за справување со бегалската криза


Димитрис Аврамопулос

Димитрис Аврамопулос

Европската комисија денеска реши да и додели 108 милиони евра на Бугарија од Фондот за итно финансирање со цел „управување со миграциските текови и зајакнат надзор на границата и граничните контролни активности“.

Според комесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, тоа докажува дека надворешните граници на една земја-членка се надворешната граница на сите земји-членки.

Според планот, овие пари во Бугарија треба да бидат искористени за зајакнување на управувањето со миграциските текови, да се зголемат капацитеттите за прием на бегалци и капацитетите на службата за азил, како и да се зајакне надзорот на границата и граничните контролни активности.

XS
SM
MD
LG