Достапни линкови

Србија нема да крева огради, но нема ни да прима бегалци


Србија нема да крева огради на границите, но нема ни да биде собиралиште за бегалци, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ за државната телевизија РТС.

„Министрите Небојша Стефановиќ (за внатрешни работи), Александар Вулин (за труд) и неколкумина други, кои јас доста ги почитувам и коишто се борат за Србија, бараат да поставиме огради. Само јас сум против. Но, Србија сепак нема да биде „паркинг“ за бегалци“ - изјави Вучиќ, и додаде дека во Србија има 6.500 мигранти, од кои 81 отсто се од Авганистан.

„Бројот се повеќе зголемува. Србија не може да прими повеќе мигранти, зашто тие, кои се веќе на нејзина територија, не продолжуваат понатаму кон ЕУ“ - рече Вучиќ.

XS
SM
MD
LG