Достапни линкови

Новиот буџет ќе треба да се донесе до 12 октомври до распуштањето на Собранието, а од СДСМ најавија дека ќе направат сè да за да го спречат неговото усвојување.

Додека трае расправата за ребалансот на буџетот, во Собранието се крои и буџетот за наредната година. Веќе две недели траат несогласувањата меѓу пратениците за ребалансот со кој треба да се обезбедат средства за целосно обештетување на штетите од поплавите. Буџетот од таканаречениот црн понеделник во 2012 година секогаш е предмет на жестока расправа меѓу пратениците од опозицијата и од власта.

Поранешниот пратеник и економист Слободан Најдовски вели дека е својствено за Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само во последните години, туку од почетокот на нивното доаѓа на власт во 2006 година да се однесуваат насилнички кога се донесуваат закони или одлуки поврзани со финансии.

„Имајќи предвид дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ се состои во експлозивна потрошувачка, многу зголемени расходи коишто се повисоки во однос на редовните приходи на буџетот, тие водат една политика на насилно донесување на буџетот сè со цел да се прикажат дека тие се еден вид би рекол во наводници добротвори и ја доведуваат опозицијата во ситуација да нема друг начин освен навистина со малку поголема агресија да се спротистави на таквата политика“, вели тој.

Економскиот аналитичар Арбен Халили истакнува дека годинашното донесување на ребалансот и на самиот буџет ќе биде најмногу исполитизирано поради изборите.

„Секако тоа нема да овозможи реално толкување на бројките кои се претставени таму, туку повеќе ќе се толкува брз основа на тоа кој пратеник од која политичка партија доаѓа и дали е власт или опозиција“, вели тој.

Најдовски додава дека особено од 24 декември, кога и се случи црниот понеделник во Собранието, се востанови политика со која не се слуша гласот не само на опозицијата, туку и на секој пратеник кој има спротивно мислење од предлозите кои доаѓаат од Владата. Според него, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат затскриена политика, од една страна дека буџетот е за развој на економијата, а од друга за задоволување на социјалните категории и пензионерите.

„Користејќи или злоупотребувајќи ја силната медиумска моќ која ја имаат и медиумска контрола создаваат една клима во државава дека доколку не се постапи онака како што тие предлагаат дека во тој случај тие категории на граѓани ќе немаат примања. Така е и во овој случај зошто е ребалансот препукување“, вели тој.

Новиот буџет ќе треба да се донесе до 12 октомври до распуштањето на Собранието, а од СДСМ најавија дека ќе направат сè да за да го спречат неговото усвојување.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG