Достапни линкови

Единствена Русија со двотретинско мнозинство во Думата


Единствена Русија со двотретинско мнозинство во Думата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Единствена Русија со двотретинско мнозинство во Думата

Владејчката Единствена Русија, според официјалните резултати од Централната изборна комисија, на вчерашните избори освоила над 54 насто од гласовите и ќе има над 300 од 450 места во идната Државна Дума. Со тоа таа ќе има мнозинство од две третини во долниот дом на парламентот и ќе може да се врши измени во Уставот.

Другите три партии кои освоија доволно гласови, односно го надминаа прагот од над 5 проценти што им овозможува да влезат во Думата, се Комунистичката и Либерално-демократската партија со по над 13 насто и Праведна Русија со над 6 проценти. Сите се блиски до Кремљ.

Единствена Русија на минатите избори за парламентот во 2011 имаше скоро 50 насто од гласовите.

Кандидатите на оваа партија, која е поддржана од претседателот Владимир Путин, исто така водат во повеќето од 255 регионални собранија.

Меѓутоа, вчерашните избори се соочија со опасноста да бидат засенети од малиот одѕив на гласачите, како и зголемениот број нарушувања на гласањето.

Посматрачите јавуваат дека имало групно гласање, носење на гласачите од едно изборно место на друго, нерегистрирани гласачи.

Сепак, според Централната изборна комисија, нарушувањата на изборите биле значително помалку од оние во претходните избори.

„Постои целосна увереност дека изборите минале сосема легитимно“, рече претседателката на Централната изборна комисија Ела Панфилова.

Претседателот Владимир Путин ги пофали резултатите, наведувајќи дека тие се знак за довербата што ја има Единствена Русија.

„Тешко е тешко, но луѓето се уште гласаат за Единствена Русија. Мислам, што ни кажува ова? Пред се ни кажува дека луѓето гледаат оти претставниците на Единствена Русија, водечката политичка сила, навистина го прават најдобро за нив“, рече тој.

Говорејќи во седиштетото на Единствена Русија рускиот премиер Дмитри Медведев, кој е и претседател на партијата, им заблагодари на граѓаните кои излегле да гласаат.

Вчера се гласаше на повеќе од 94.000 избирачки места во Русија како и во 370 во 145 земји во светот. Тие се одвиваа низ 11 часовни зони, почнувајќи од источниот полуостровот Камчатка, а завршувајќи во западниот дел на Калининград.

Формирана во 2001 година Единствена Русија е најголемата партија во земјата со над 2 милиони членови.

Руската либерална опозиција не успеа да го надмина прагот за влез во Думата.

Лидерот на „Парнас“ Михаил Касијанов, кој порано беше премиер на Русија оцени дека гласањето не било слободно и фер, додавајќи дека малиот одѕив е опасен сигнал.

„Денешното гласање е многу важно и ја дефинира моменталната ситуација. Но, излезноста е долгорочен проблем и тоа покажува дека ние ги губиме шансите за мирна промена на политичкиот курс“, рече тој.

Единствена Русија досега имаше 238 од 450 места во Думата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG