Достапни линкови

Обама: американското општество на сака моќни жени


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави се уште немаат избрано жена за претседател, бидејќи американското општество се чувствува нелагодно со моќни жени. Обама ова го изјави на еден собир во Њујорк за собирање финансиски средства за неговата Демократска партија. Тој оцени дека претседателските избори меѓу неговиот поранешен државен секретар Хилари Клинтон и републиканскиот бизнисмен Доналд Трамп не би требало да биде толку тесни. Без да го каже името Обама рече дека Трамп не е квалификуван за претседател.

XS
SM
MD
LG