Достапни линкови

Во Њујорк самити за мигрантите и бегалците


Генералното собрание на ОН денеска ќе биде домаќин на собирот на шефови на држави и влади посветен на мигрантите и бегалците. Тоа ќе биде за прв пат да се одржи собир на такво високо ниво во рамките на ОН и на него се гледа како на историска можност да се дојде до план за подобар меѓународен одговор на ова прашање. Утре, на маргините на 71 заседание на Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Барак Обама ќе биде домаќин на самитот за глобалната бегалска криза. Главни теми ќе бидат хуманитарната помош за бегалците и нивната едукација.

XS
SM
MD
LG