Достапни линкови

logo-print

Единствена Русија ќе доминира во Думата


Со осумдесет насто пребројани гласови, официјалните резултати покажуваат дека владејачката партија Единствена Русија е на пат да добие повеќе од 300 од 450 места во државната Дума. Тоа ќе биде доволно да обезбеди мнозинство од две третини со што долниот дом на парламентот ќе може да се врши измени во Уставот. Прелиминираните резултати објавени од Централната изборна комисија покажуваат дека Единствена Русија има 54 насто од гласовите. Кандидатите од оваа партија која е поддржана од претседателот Владимир Путин води и во огромното мнозинство од 255 региони. Само уште три партии се на пат да го поминат лимитот од 5 насто за влез во парламентот. Сите му се лојални на Кремљ. Станува збор за Комунистичката партија, Либерално демократската партија и Праведна Русија.

XS
SM
MD
LG