Достапни линкови

Протести пред руската амбасада во Киев


Десничарски демонстранти се судрија со полицијата во Киев пред руската амбасада каде што беше отворено гласачко место за руските државјани да гласаат за изборот на пратеници за руската Дума. Лидерот на националистичката партија Свобода Ихор Мирошниченко кој беше меѓу демонстрантите изјави дека Украина не треба да му овозможува на „непријателот и државните агресори “ да спроведуваат нелегални избори во Украина. Еден демонстрант е уапсен при судирите со полицијата, кои настанаа откако дел од демонстрантите се обидоа да ги спречат руските граѓани да гласаат.

Се уште е непознато колку граѓани излегле да го дадат својот глас на овие избори во тој регион. Инциденти биле забележани и во пристанишниот град Одеса во близина на рускиот конзулат.

Во Русија денеска се оддржуваат парламентарни избори за Долниот Дом, а за руската Дума за прв пат по украинската криза во 2014 година се гласа и во Крим.

Ваквиот потег ја налути украинската влада. Портпаролката на министерството за надворешни работи на Украина Маријана Бетса изјави дека не може да се дозволи гласање за руски избори во нејзината земја.

Според руската изборна комисија во Украина живеат околку 80 илјади руски државјани со право на глас.

XS
SM
MD
LG