Достапни линкови

Борисов: Бугарија не сака да биде дел од Шенген зоната, но ако ја поканат ќе прифати


Бугарскиот претседател Бојко Борисов смета дека сега не е време земјата да стане дел од Шенген зоната затоа што приклучувањето кон оваа група нема да и помогне на Бугарија. Тој изјави дека не е во интерес на државата да се приклучи кон Шенген зоната, но доколку ја поканат со задоволство ќе ја прифатат поканата. Тој додаде и дека на 6 октомври, Бугарија ќе основа Европска гранична полиција. Станува збор за ново тело,кое ќе функциони ра како Европска гранична и крајбрежна стража,а ќе почне со работа следниот месец со 1.500 вработени на неопределено време, објасни Борисов.

Европската комисија најави дека ќе обезбеди 160 милиони евра на Бугарија за да се справи со мигрантите со граничната полиција.

XS
SM
MD
LG