Достапни линкови

Забележани нерегуларности на изборите во Русија


Претседателката на руската изборна комисија Ела Памфилова изјави дека до 13 часот добила голем број на извештаи за изборни нерегуларности со такареченото „изборно крстарење“ во сибирскиот регион Алтај. Станува збор за гласачи кои со автобуси се носат од едно до друго изборно место каде што во секое гласаат на нелегален начин. Ако ова се потврди како точно во текот на денот ќе го известам обвинителот за покренување кривична постапка и ќе се разгледува можноста за поништување на резултатите, изјави Памфилова која додаде дека во повеќето региони гласањето се одвива нормално. Независното набљудувачко тело соопшти дека до сега се пристигнати над 170 повици за изборни неправилности.

Рускиот премиер Дмитри Медведев, лојален подржувач на Владимир Путин е на чело на партијата Обединета Русија која во досегашниот парламентарен состав имаше мнозинство со238 пратеници во 450 члената руската Дума. Обединета Русија ги има под своја контрола и мнозинството од регионалните парламенти во земјата. На овие избори учествуваат вкупно 14 партии.

XS
SM
MD
LG