Достапни линкови

Русија: Нападите врз сириските трупи го загрозуваат договорот


Илустрација

Илустрација

Русија обвинува дека воздушните напади од страна на американската коалиција врз сириската армија се „на граница меѓу кривична немарност и директна и премолчана согласност со Исламската држава“. Руското министерство за одбрана тврди дека вчера при американски воздушен напад биле убиени 62 сириски војници. Руското министерство за надворешни работи смета дека инцидентот е резултат на, како што вели, „тврдоглавоста на Вашингтон “ и одбивањето да соработува со Москва во борбата против припадниците на Исламска држава и останатите „терористички групи “ во Сирија. Москва побара од Вашингтон сериозно да го разгледа инцидентот затоа што, како што вели, со него сериозно се загрозува договорот за прекин на огнот во Сирија кој беше потпишан со посредство на САД и Русија. Инцидентот предизвика жестока расправија меѓу претставниците на САД и Русија на Советот за безбедност на ОН.

XS
SM
MD
LG