Достапни линкови

Парада на гордоста во Белград


Градоначалникот на Белград Синиша Мали на Парада на гордоста

Градоначалникот на Белград Синиша Мали на Парада на гордоста

Во Белград денеска се оддржува Парада на гордоста.Покрај активисти и припадници на ЛГБТ заедницата на оваа парада се очекува да учествуваат и претставници на Белград и српската влада, како и претставници на меѓународната заедница. До сега пристигна само градоначалникот на Белград Синиша Мали.

Отворањето на оваа манифестација ќе го прогласи глумицата Мирјана Карановиќ која во изминативе години се залага за почитување и унапредување на човековите права во Србија. Организаторите најавија дека ќе биде одржана и минута молк посветена на ЛГБТ заедницата во целиот свет. Еден од организаторите на Парадата Горан Милетиќ непосредно пред почетокот изјави дека очекува годинава таа да помине без никакви инцидентии без проблеми. Забележливо е и згомено присуство на полициски сили.

XS
SM
MD
LG