Достапни линкови

Попоски и Иванов на Генерално собрание на ОН


Делегацијата на Македонија на Генералното собрание на ОН годинава ќе биде предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, како и повеќе други билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание. Сопругата на претседателот Маја Иванова на покана на сопругата на претседателот на САД, ќе присуствува на приемот кој го приредува Мишел Обама, како и на приемот во организација на сопругата на Генералниот секретар на ОН Бан Сон-Таек.

Во делегацијата на 71-то Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк ќе учествува и вицепремиерот и министер за за надворешни работи, Никола Попоски. Како што соопштуваат од МНР, во Њујорк, министерот Попоски ќе се обрати на бројни состаноци на министерско ниво, организирани како во рамките, така и на маргините на 71-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. За време на настанот, Попоски ќе оствари и бројни билатерални средби.

XS
SM
MD
LG