Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза- променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на краткотраен дожд и ретки грмежи особено во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 18 до 31 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно со појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 28 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

И утре на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи утре се очекуваат во западните делови. Ќе дува и умрен, повремено засилен ветер, особено во вторник, кога ќе биде од северен правец.

XS
SM
MD
LG