Достапни линкови

Хоџај: „Паралелните структури“ ја кочат нормализацијата на односите со Србија


Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај смета дека вистинскиот процес за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина нема да се случи и нема да биде можно да се постигне одредено решение се додека Србија не ги укине сите „паралелни структури“ во Косово.

Тој, во интервјуто за австриската агенција АПА, вели состојбата во северниот дел на Косово е значително подобрена, но дека Србија и натаму во тој регион има „паралелни структури“, кои веќе не се наоѓаат во јавните институции како што се полицијата или правосудството, туку „делуваат од приватни домови“.

XS
SM
MD
LG