Достапни линкови

Изборите во Крим за руската Дума се нелегални за САД


САД соопшти дека нема да ги признае легитимноста ниту исходот од изборите за руската Дума кои ќе се оддржат утре во Крим. „ Нашата позиција на Крим е јасна, тој дел и натаму го сметаме за составен дел од Украина. Санкциите поврзани со Крим против Русија ќе останат во сила се додека Русија не и ја врати контролата врз Крим на Украина, изјави портпаролот на Стејт Депарментот Џон Кирби. Тој изрази загриженост и за хуманитарната ситуација во Крим вклучувајќи го и статусот на помалите етнички заедници и мнозинството на извештаи за изчезнати лица и кршење на човековите права.

Украинскиот претседател Петро Порошенко претходно ја обвини Русија дека го претвора Крим во „контрационен логор“.

Рускиот претседател Владимир Путин на форумот во Киргистан , истакна дека Русија сега Крим е повторно обединет со Русија.

XS
SM
MD
LG