Достапни линкови

logo-print

Путин бара поголема транспарентност од Вашингтон


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека останува „позитивен“ во однос на сирискиот мировен договор со САД, но побара поголема транспарентност од Вашингтон. Путин во својот говор на форум во Киргистан истакна дека за него подобро е да остане со позитивен став отколку со негативен, ама очекува од Вашингтон да покаже малку „искреност“.

Москва го обвини Вашингтон дека одбива да сподели детали за договорот кој е случен зад затворени врати.

„Тие не сакаат да го објават договорот, за да не дознае светската јавност, кој што не почитува од договореното,“ изјави Путин.Тој ги обвини бунтовниците во Сирија дека го користат мировниот договор за „регрупирање“.

САД и Русија вчера ја откажаа закажаната седница на Советот за безедност на Обединатите Нации за прекинот на огнот, откако се појави првите знаци дека примирјето е проблематично.

XS
SM
MD
LG