Достапни линкови

Полициски час во Пакистан по бомбашки напад


Полициски час е воведен во северозападниот дел на Пакистан откако при експлозија на бомба загинаа најмлку 28 луѓе. Бомбашкиот напад се случи за време на петочната молитва пред џамијата во областа Мохманд која се наоѓа во близина на границата со Авганистан. За време на нападот во џамијата присуствувале над 200 верници. По нападот безбедносните сили започнаа антитерористичка акција во таа област. Одговорноста за нападот ја презема фракција од талибанска група во Пакистан наречена Џамаат Ул Ахрар, која во 2009та година изведе напад врз безбедносни сили при што загинаа 13 луѓе.

XS
SM
MD
LG