Достапни линкови

Косово протера новинари од Русија и Украина


Илустрација

Илустрација

Косовската полиција соопшти дека протерала двајца новинари од земјата , едниот со руско а другиот со украинско потекло затоа што немале визи. Во соопштението е наведено дека новинарите немале ниту визи ниту пак печат од граница дека влегле во земјава на легален начин. Со полициска придружба новинарите биле испратени до северниот граничен премин со Србија. И двајцата новинари биле вработени во руски медиуми со претставништво во Белград. Тие биле уапсени на 15 септември во јужниот дел на Косово, при сомневање дека нелегално влегле во земјата и биле однесе во Приштина по што следниот ден се протерани. Новинарите велат дека работеле на документарец за Српската православна црква, и дека се казнети со 200 евра парична казна и забрана за влез во Косово во следните пет години. Косово се однесува строго кога станува збор за визниот режим особено кон земјите како Русија и останатите кои не ја признаваат независноста на Косово.

XS
SM
MD
LG