Достапни линкови

Изготвен е предлог буџетот за 2017


Министерството за финансии го подготви предлог буџетот за 2017 година најдоцна до понеделник ќе го достави до Владата, најави министерот за финансии Кирил Миновски во телевизиска дебата на која гостуваа заедно со дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов.

Миновски рече дека Министерството за финансии и Владата имаат обврска да го достават предлог буџетот до Собранието, а на пратениците е дали ќе го изгласаат или не. Наведе и дека донесувањето на буџетот за догодина е препорака на меѓунардоните финансиски институции.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов рече дека е против донесување на буџетот за 2017 пред изборите, и наместо тоа предлага да се примени времено финансирање.

Собранието на Република Македонија, според политичкиот договор за излез од кризата, треба да се распушти на 12 октомври, а предвремените парламентрани избори да се одржат на 11 декември годинава.

XS
SM
MD
LG