Достапни линкови

Милион долари за семејството на жртва во Пакистан


Американската влада исплати 1,2 милиони долари на семејството на италијанскиот хуманитарец кој загина во Пакистан при напад на американско беспилотно летало. Се претпоставува дека ова е прва исплата од ваков вид од страна на Вашингтон за семејство на жртва од напад со беспилотно летало надвор од официјална воена зона. Џиовани Ло Порто, е 37 годишен маж кој загина додека беше во заложништво од страна на Ал Каеда заедно со американскиот хуманитарец Ворен Веинстин кој е 73 годишнен маж. Тие загинаа при напад со беспилотно летало.

Исплатата беше потврдена од Белата Куќа. Се уште е непознато дали и семејството на Веинстин ќе добие слична исплата.

Минатата година американскиот претседател Барак Обама изјави дека смртта на Порто и Веинстин е несреќен случај кој настанал при спроведување на тајна антитерористичка операција и изрази жалење за нивната смрт.

XS
SM
MD
LG