Достапни линкови

Викендов променливо облачно време со услови за дожд


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладнево се очекува да се зголеми облачноста и да надојде локален пороен дожд со грмежи претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 15, а дневната од 24 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има краткотрајни услови за појава за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 30° С.

Во недела ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне, на повеќе места и до десетина степени во однос на денечните.

XS
SM
MD
LG