Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ е против двојазичност во цела Македонија


Илија Димовски

Илија Димовски

„ВМРО ДПМНЕ е против воведување двојазичност на целата територија на Македонија“, изјави Илија Димовски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. „Со најавите за воведување двојазичност на цела територија на Македонија, рече Димовски, се напаѓа Уставот и уставното уредување на оваа држава, целосно се излегува надвор од Уставот и уставно загарантираните права на етничките заедници, со што, како што рече, се отпочнува процес кој никој на крај не знае дали ќе заврши со федерализација или целосно распарчување на Република Македонија. Според него, Социјалдемократскиот сојуз во очај почнува да тргува со националните и државни интереси и прави огромна штета на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG