Достапни линкови

Сноуден потврди дека побарал помилување од Обама


Атина 16.09.2016

Атина 16.09.2016

Едвард Сноуден, кој денеска преку телеконференциска врска говореше на Форумот за демократија во Атина, рече дека планира да гласа на претседателските избори во САД, но не откри за кого.

Поранешниот техничар и администратор на системите на ЦИА и НСА, потврди дека побарал да биде помилуван од претседателот на САД, Барак Обама, пред да ја напушти функцијата, бидејќи според него, информациите за кои е обвинет дека ги објави, не предизвикале непоправлива штета на тајните служби, а граѓаните имале корист.

Сноуден, кој е во егзил во Москва, тврди дека протекувањето на разузнавачките информации придонесуваат или придонеле за создавање на подобри механизми за заштита и развој на технологии за безбедноста на интернет и на електронските апарати.

XS
SM
MD
LG