Достапни линкови

Жбогар во посета на прифатниот центар во Гевгелија


Eвропската унија досега и има дадено 14 милиони евра на Македонија за успешно справување со бегалската криза, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната прва работна посета на Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

- Земјите членки на Европската унија навистина многу брзо реагираа на повикот од вашата земја да помогнат во справувањето со мигрантската криза и затоа би сакал во оваа прилика да им се заблагодарам. Моментно тука се наоѓаат уште 166 странски полициски граничари кои и помагаат на вашата полиција во обезбедување на границата, рече Жбогар.

Еврокомесарот додаде дека се уверил оти во ПТЦ Гевгелија што се однесува до мигрантската криза, се е под контрола и дека средствата што ги дава ЕУ се трошат паметно за исхрана, патни трошоци и сместување на странските полициски сили, како и за набавка на потребната опрема за набљудување на границата и за регистрација на мигрантите.

Тој додаде дека ЕУ на Министерството за внатрешни работи му обезбеди средства за набавка на 33 теренски возила, на Министерството за здравство му обезбеди средства за опремување на амбуланти за мигрантите, а на Општина Гевгелија ЕУ и помогна да набави опрема за успешно менаџирање со цврстиот отпад која се состои од комунални возила и багери, како и средства за изградба на мини депонија.

Жбогар нагласи дека прашањето со мигрантите и натаму претставува висок приоритет за ЕУ.

- Како што е познато пред два дена претседателот на Европската комисија Јункер рече дека во следните 12 месеци ЕУ ќе има три приоритети, од кои еден се однесува на мигрантската криза за која работиме ние во партнерство со вашата земја и навистина би сакал така да продолжиме и понатаму, да соработуваме и со Владата и со општина Гевгелија, рече Жбогар.

XS
SM
MD
LG