Достапни линкови

Одложено судењето за Пуч


Денешното рочиште за случајот Пуч беше одложено поради, како што соопштија од Основиот суд Скопје 1, отсуството на еден од поротниците со што не можел да се комплетира Судскиот совет. На судењето освен обвинетите, беше присутна и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Еден од обвинетите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека отсуството на поротникот е изговор за непојавувањето на сведокот на СЈО, поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Според Заев, портоникот можел да се замени со друг. Јанева рече дека не и е јасно зошто Груевски не бил повикан на рочиштето. Таа порача и дека е подготвена за судскиот процес. Судењето е одложено за 1 ноември.

XS
SM
MD
LG