Достапни линкови

logo-print

Средба на вицепремиерот Попоски со евроамбасадорот Жбогар


Самуел Жбогар

Самуел Жбогар

Заменик претседателот на Владата на Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски имаше средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар. Во врска соевроинтегративниот процес на Македонија, како што информираат од МНР, биле истакнати очекувањата за спроведување фер и демократски избори, како основа за интензивирање на реформскиот процес. Се разговарало и за справувањето со мигрантско-бегалската криза и европската помош во таа насока, што претставува заеднички интерес. Амбасадорот Жбогар изјавил дека Европската Унија и натаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Македонија во Унијата.

XS
SM
MD
LG