Достапни линкови

Во Сирија се уште не се доставува хуманитарна помош


Јан Егеланд

Јан Егеланд

Во Сирија е продолжен прекинот на огнот, но стотици илјади луѓе во опколените градови се уште ја немаат добиено хуманитарната помош што ја подготвија Обединетите нации. Дваесетина камиони со храна и лекови се наоѓаат во „тампон зоната“ меѓу Турција и Сирија и чекаат да тргнат кон Алепо, втор по големина град во Сирија, изјави претставникот на ОН Јан Егеланд. Спогодбата што во минатата недела ја постигнаа Русија и САД, предвидува прекин на огнот, како и демилитаризација на патот до градот Кастел за испорака на хуманитарната помош за Алепо.

XS
SM
MD
LG