Достапни линкови

На Косово обвинети четворица имами за тероризам


Косовското Јавно обвинителство обвини петмина косовски Албанци, меѓу кои четворица имами, за вршење терористички активности и поттикнување омраза. Обвинителството соопшти дека двајца од муслиманските лидери се обвинети за извршување терористички дела, а другите двајца за поттикнување национална, расна, религиозна и етничка омраза. Петмината се обвинети и поради повици за отпор против правните институции. Во соопштението не се споменува за какви конкретни активности се покренати обвиненијата, но се нагласува дека за најсериозните дела се предвидени казни до осум години затвор.

XS
SM
MD
LG