Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи по двојни аршини


ВМРО ДПМНЕ оценува дека Специјалното јавно обвинителство денеска дало најдобар пример за, како што соопшти, двојните аршини по кои работело. Според оваа партија, обвинителката Фатиме Фетаи тргнала отворено против сите граѓани кои решиле да излезат на протест против спречување изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротивставиле на намерите на Андреј Жерновски и советниците на СДСМ да не дозволат да се гради црквата „Свети Константин и Елена“. Според ВМРО ДПМНЕ, Фетаи и Јанева имале само една цел и се обидувале неосновано да го оцрнуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ, како што наведуваат, само заради тоа што било и ќе биде на страна на народот. Специјалното јавно обвинителство најави дека денеска до Основниот суд Скопје 1 ќе поднесе два обвинителни предлога, по скратена постапка, поврзани со кривични дела кои произлегуваат од незаконски прислушуваните разговори. Првиот е за уништување службени документи во Петтата управа во УБК и вториот за настаните во Општина Центар за ДУП „Мал ринг“.

XS
SM
MD
LG