Достапни линкови

ЕК подготвена да и помогне на Бугарија со мигрантите


Европската комисија денеска соопшти дека е подготвена да и помогне на Бугарија во заштитата на нејзнината граница од напливот на мигранти, исто како што им помага и на другите држави-членки на ЕУ погодени од мигрантската криза. „Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер е во постојан контакт со бугарскиот премиер Бојко Бприсов во поседните неколку недели во врска со ова прашање, а експерти на ЕУ ги проценуваат конкретните потреби на Бугарија“, изјави неименуван претставник на Комисијата. Борисов вчера побара од ЕУ итно да и додели на Бугарија 160 милиони евра со цел земјата да може подобро да ја заштити својата граница кон Турција.

XS
SM
MD
LG