Достапни линкови

Шулц: Трамп е проблем за целиот свет


претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц

претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц

„Доколку американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп победи на изборите во ноември, тоа ќе биде проблематично за целиот свет и ќе ги охрабри оние што сакаат да го копираат во Европа“. Ова во интервју за германскиот весник „Дер Шпигел“ го изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. „Ако човек кој вели дека немањето поим е стручно знаење, стигне во Белата куќа, тогаш ќе биде постигната критичната точка“, оцени Шулц, наведувајќи дека затоа сака на изборите да победи кандидатот на демократите Хилари Клинтон.

XS
SM
MD
LG