Достапни линкови

Поддршка на Сенатот на САД за Црна Гора во НАТО


Надворешно политичкиот Одбор на американскиот Сенат го поддржа приклучувањето на Црна Гора во НАТО, со уверување дека нејзиното членство во Алијансата ќе биде поддршка за поголема интеграција, демократски реформи, трговија, безбедност и стабилност на сите нејзини соседи, со што целиот балкански регион ќе се приближи кон остварување на американската стратегиска цел. Во одборот сведочеа заменикот помошник на американскиот државен секретар Хојт Брајан Ји и заменикот помошник секретар за одбрана Мајкл Карпентер, се согласија во оценката дека Црна Гора е подготвена да биде членка на НАТО. Проширувањето на НАТО со Црна Гора го поддржаа сенаторите од републиканската и Демократската партија, кои присуствуваа на седницата.

XS
SM
MD
LG