Достапни линкови

Грчката полиција со солзавец против демонстрантите на Хиос


Полицијата на грчкиот остров Хиос синоќа употреби солзавец за да ја растури толпата демонстранти коишто протестираа против прифаќањето на бегалци на островот, јавуваат грчките медиуми. Протесниот собир на локалното население започнал мирно, но до безредие дошло кога протестирачите се упатиле кон кампот Суда. Полицијата се обиде да ги запре, околу 150 демонстранти успеале да стигнат до бегалското прифатилиште, каде што извикувале пароли против бегалците.

XS
SM
MD
LG