Достапни линкови

Клинтон ќе се сретне со Порошенко


Американскиот демократски претседателски кандидат Хилари Клинтон ќе се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко, со цел да ја покаже нејзината поддршка на Киев за разлика од ставот на нејзинот републикански ривал Доналд Трамп кој ја поддржува Русија. Ова го соопшти изборниот штаб на Клинтон, наведувајќи дека средбата меѓу Клинтон и Порошенко ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во текот на идната недела. Украинските власти соопштија дека и Клинтон и Трамп биле поканети да се сретнат со Порошенко, но оти само Клинтон досега ја прифитла поканата.

XS
SM
MD
LG