Достапни линкови

Киев се согласил на ново примирје во источна Украина


Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер изјави дека украинските лидери се согласиле на ново примирје во источниот дел на земјата. Ова Штајнамаер го кажа на заедничката прес конференција во Киев со неговите колеги од Франција и Украина по разговорите со укрианскиот претседател Петро Порошенко. „Дојдовме со ветување од Москва дека од 15 сепетмври ќе има прекин на огнот кој ќе трае најмалку една недела“, рече тој, ден откако лидерите на сепаратистите, поддржани од Русија, во Доњецк и Луханск декларираа еднострано примирје.

XS
SM
MD
LG