Достапни линкови

logo-print

Берлин и Париз со поддршка за мировниот договор во Украина

Ukraine - German Foreign Minister Frank-Walter Steinmeier (L) and his French counterpart Jean-Marc Ayrault (R) shaking hands with Ukainian President Petro Poroschenko (C) during their meeting in Kyiv, Ukraine, 14 September 2016.

Министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, Жан Марк Ерo и Франк Валтер Штајнмаер, се во посета на Украина за да дадат поддршка на мировниот договор од Минск во услови кога продолжуваат борбите меѓу владините сили и про-руските сепаратисти во источниот дел на земјата. Министрите се сретнаа со украинскиот претседател Петро Порошенко и разговараа за начините како да се обезбеди траен прекин на огнот и да се спроведат политичките одредби од договорот од Минск, постигнат со посредство на Берлин и Париз.

Вчера лидерите на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск прогласија еднострано примирје кое треба да започне на полноќ. Штајнмаер рече дека Киев се согласил да се придржуваат на примирјето.

Францускиот министер вели дека следната недела може да се потпише договор според кој двете завојувани страни треба да ги повлечат своите сили од три области во источна Украина.

XS
SM
MD
LG