Достапни линкови

САД ќе понудат трговски бенефиции за Мјанмар


Од Белата куќа денеска соопштија дека САД ќе понудат трговски бенефиции за Мјанмар за да може земјата да продолжи со транзицијата кон демократија. Се очекува американскиот претседател Барак Обама да се сретне денеска со лидерката на Мајнмар Аунг Сан Си Ки во Белата куќа. Мајнмар е една од најсиромашните земји во светот. Земјата може да добие преференцијален трговски третман во САД, кој им беше укинат во 1989 од страна на тогашниот претседател Џорџ Буш, поради кршењата на човековите права во Мајнмар. САД веќе ги ублажија санкциите кон Мајнмар по почетокот на демократската транзиција во земјата.

XS
SM
MD
LG